30.07.2019
Летен одмор Охрид 2019
Давид Илиевски го освои петтото место а Стојанче Петковски беше шести.
Учениците од осмите одделенија имаа можност да го погледнат филмот "Републиката во пламен", кој се однесува на почетоците, текот и крајот на Илинденското востание
01.04.2019
Денес учениците од двете шести одделенија беа во посета на Археолошкиот музеј на Mакедонија, се прошетаа низ Градскиот плоштад и по нивна желба завршивме во "Бургер Кинг".
Деветтите одделенија и дел од осмите го посетија музејот на "Македонската борба", и се прошетаа низ Градскиот плоштад и Градскиот трговски центар
Уживање во 3Д...
На часот по историја, VI-1 одд. можеа да се забавуваат и да го проверат своето знаење преку квиз за Праисторијата и Настанокот на првите цивилизации. Мораме да ги пофалиме затоа што покажаа одлично познавање на досегашниот материјал по историја
15.11.2018
Со дел од осмите и деветтите оделенија бевме на релаксација и дегустација во кинескиот ресторан
Изведовме научно-рекреативна екскурзија на Матка, каде го посетивме музејот на ЕВН. Нашите ученици се запознаа со историјата на електричната мрежа во Македонија и изградбата на браната на езерото Матка. Гостин на историската секција беше и наставникот по математика и физика Златков Стојан. Потоа имавме време и малку да се одмориме и да уживаме во убавините на кањонот Матка.
На наше големо задоволство бевме дел од завршната манифестацијата во организација на Бирото за развој на образованието и меѓународниот "The BEIT Project", каде што учениците активно учествуваа и успешно го претставија нашето училиште. За таа цел беа доделени Благодарници за учество на учениците и на училиштето. Уште еднаш и во мое име им Благодарам на двете девети одделенија за нивната активност.
No comments:
Post a Comment