Светска историја

Први Мај - Ден на Трудот - меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. штрајк(протест), организиран од работничката класа, со цел воведување на 8-часовен работен ден.



9 МАЈ – ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ
Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна во Европа. Официјално, Втората светска војна заврши на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки од страна на САД(Соединетите американски држави), со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.



Англискиот крал Џон го потпишува документот наречен "Магна карта", во 1215 год. Документот е основа на подоцнежните Декларации за човековите права.



No comments:

Post a Comment