На 19 мај 2002 година — ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров стана европски клупски шампион. Во финалниот реванш натпревар од ракометната лига на шампиони, ракометарките на ЖРК Кометал Ѓорче Петров го победија првакот на Унгарија Херц Ференцварош со 26-22.
На 13.10.1993 год. репрезентацијата на Македонија го одигра својот прв меѓународен фудбалски натпревар, во Крањ ја победи Словенија со 4-1
Младиот Кристијано Роналдо, со неговата мајка, на доделување на првиот трофеј.
За Македонија да победува - се роди Вардар!
На 22 јули во 1947 година се роди ФК Вардар, формирано е спортското друштво и фудбалскиот клуб, по соединувањето на две спортски друштва, Македонија и Победа, со цел Скопје да добие можен спортски колектив кој масовно ќе го промовира и ќе го развива спортот.
Посакуваните победи дојдоа уште во премиерната сезона (1947/48), кога нашиот клуб по елиминацијата на екипата на Слога од Нови Сад, обезбеди пласман во првата југословенска лига.
На Основачкото собрание на СД Вардар одлучено е негова боја да биде сино-белата, како што ќе биде и бојата на знамето на друштвото. Но, веќе на следното Собрание, многу набрзо потоа, одлучено е сепак бојата на друштвото да биде "црвено-бела". Околу 17 години бојата на СД Вардар, а со тоа и на ФК Вардар била црвено-бела, за по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, се воведе актуелната боја на клубот – "црвено-црна".
Податок за паметење!!!
Со 18 години, осум месеци и 22 дена, Дарко Панчев во 1984 година станал не само најмладиот југословенски голгетер туку и најмладиот голгетер во едно национално првенство во историјата на фудбалот.
No comments:
Post a Comment