Активности 2019-2020

06.12.2019

Посета на Собранието на Република Македонија 





20.11.2019

Денеска "двојна програма", претпладне нашите ученици беа дел од манифестацијата по повод Светскиот ден на децата, а попладне бевме присутни на 3Д кино проекција во "Cineplex".




18.11.2019

Учениците од VII - 2 одд. денеска изведоа еднодневна екскурзија до милениумскиот крст(со жичара), потоа го посетија археолошкиот локалитет "Маркови кули", на падините на Водно. Гостин ни беше нашиот пријател од Норвешка, со кој учениците комуницираа на англиски јазик.





16.10.2019

Младите историчари изведоа еднодневна екскурзија во градот Велес, при што го посетија Народниот музеј, каде што се запознаа со историјата на Македонија и македонскиот народ како и со историјата на градот Велес. Потоа беа во спомен куќата на Коста Солев Рацин и ја разгледаа саат кулата во градот. Патувањето беше во соработка со македонски железници каде што учениците имаа можност да уживаат во патувањето со новите возови, но и се запознаа со постарите возови на македонските железници.






No comments:

Post a Comment