Убавините на Македонија


Далеку од градската врева, високо во недопрените планински убавини, во прегратките на националниот пак Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител.


Историја на манастирот


Овој надалеку познат македонски православен манастир бил изграден....
во 11 –от век, во 1020 година, врз остатоците на стара света црква која некогаш била разрушена.
Во 16 - от век Турците го оштетиле и разрушиле манастирот, а подоцна, во 1743 година, монархот Иларион повторно го обновил, со што изградил неколку монашки ќелии.
На почетокот на 19 - от век со многубројни донации и со помош на игуменот Арсениј манастирот бил проширен и доизграден и бил ставен во употреба и во служба на оние кои духовно сакале да се поврзат со Господ Исус Христос.
Најпрепознатливото нешто според кое манастирот е познат во светски рамки е иконостасот во самиот манастир, кој датира уште од 1830 година и е дело на Петре Филиповски Гарката кој потекнувал од село Гари.


Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.

Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.
Манастирот „Свети Јован Бигорски”, поради неговиот единствен и неповторлив изглед и местото на кое е изграден, многу често е споредуван со манастирите кои се изградени високо на карпите во Света Гора, во Грција.
Во манастирскиот комплекс се наоѓаат неколку чешми од кои тече чиста планинска и ладна вода, а низ една од тие чешми се смета дека тече и лековита вода.
Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.



КОКИНО

На 35 километри од Куманово, на надморска
височина од 1013 метри, сместена на неовулкански
рид веднаш под врвот Татиќев Камен, се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино. Во 2005 година НАСА го стави Кокино на четвртото место на листата со најстари и најважни астрономски опсерватории на светот. Првите наоди биле добиени истата година кога била откриена населба од бронзениот период, населба што според својот
изглед и димензии се разликувала


од слични вакви археолошки населби. Карактеристично е дека Кокино е комплексен локалитет. Пред да стане опсерваторија, најверојатно бил света планина на која се изведувани повеќе култови, а еден со сигурност бил присутен: култот на Големата Мајка Божица (Магна Матер), значи Мајка на сите богови. Ова е света планина и секое приближување кон неа буди чувство на почит. Четирите илјади години побиваат четири илјади говорници за нашето (не)постоење. Мистичноста на овој простор ве
води во размислување за едно место на кое еден
народ живее со генерации.
Во оваа моја чудесна земја,мигот тешко се повторува.








Лоцирана помеѓу Истокот и Западот, оваа мала земја е вистински ковчег со богатство, полн со историски споменици, природни убавини и разновидна култура. Во многу делови од Македонија природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури ...Историските случувања наназад низ минатото дополнително ја збогатиле нашата татковина, оставајќи ѝ богато културно и духовно наследство. Македонското народно творештво изобилува со примери во кои се воспеваат природните убавини на Македонија. Со нивно посредство низ изминатите векови македонскиот народ, меѓу другото, ја градел свеста за убавината, ги овековечил своите погледи кон убавото и чувството кон естетското доживување на својата татковина, создавајќи свој естетски идеал. Недвосмислено, тој покажал дека има изострен вкус во откривањето и прикажувањето на убавото, а со тоа и својата приврзаност, љубов и почит кон татковината, како нешто свето и достоинствено.





No comments:

Post a Comment