На 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загинал Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. Ѓеорги (Гоце) Делчев е роден на 4 февруари, 1872 год. во Кукуш, Егејска Македонија
Васил Пујовски - Историја на едно наше и на уште многу идни детства.
Роден е во село Дмбени, Костурско во 1946 година и ја преживува голготата на децата бегалци. Како што и сам велеше: „Бидејќи јас немав детство, сакам на сите деца да им подарам едно убаво детство“.Брилијантен текстописец, книжевник, човек кој најголемиот дел од животот му го посвети на децата. Од неговот перо произлегоа „Дајте музика“, „Ајде да се дружиме“, „Кралот Кускуле први“, „Ѕвездено дете“, еден од основачите и долгогодишен водител на фестивалот „Златно славејче“, Почина на 9 септември 2019 година.
- Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.
ДЕН КОЈ МОРА ДА СЕ ПАМЕТИ: 11 ОКТОМВРИ!
11 октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, е спротивставување на фашизмот, но и борба за самобитност и самостојност на македонскиот народ.
НЕЗАБОРАВ И ВЕЧНА СЛАВА ЗА ХЕРОИТЕ, но и ветување дека стоиме зад нивната жртва и го почитуваме нивното дело.
Востанието е кренато под знамето на македонскиот земски лав пред чија што разјарена фигура стои напис: „Македония“ а на двете ленти е испишан повикот: „Станете – да ви освобода“. На знамето е навезен и датумот „8 мај 1876 година“ како ден кога треба да се кренат Македонците на востание.
Слики стари, бледи, заборавени, но полни со историја, со страдање, со борба за опстојување, со надеж… Лица непознати скоро на сите, но сепак познати на сите
нас…
Илинденско востание, прогонување, граѓанска војна, деца откорнати од нивните огништа, смрт но и живот и потоа нов ден, нова борба за правата на овој
изнамачен народ. Нашиот народ. Македонскиот народ!!
АПОСТОЛ ПАВЛЕ
50-та година по Христа, Апостол Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13“ пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид: стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше: Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите: Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.
Знамето се вееше гордо и праќаше порака СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!!!
На 13 ноември 1944 год. борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
На 8 Ноември 1961 год. пред околу 7.000 гледачи на стадионот во Скопје, Вардар дојде до првата победа во Европа против екипата на шкотски Данфермлајн со 2-0.
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев ја формираа МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА , што значело почеток на организираното македонско револуционерно движење, кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку народноослободителната војна(НОВ) и референдумот од 1991 год. резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.
No comments:
Post a Comment