Wednesday, July 19, 2017

Убавините на Македонија

Лоцирана помеѓу Истокот и Западот, оваа мала земја е вистински ковчег со богатство, полн со историски споменици, природни убавини и разновидна култура. Во многу делови од Македонија природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури... 


Историските случувања наназад низ минатото дополнително ја збогатиле нашата татковина, оставајќи ѝ богато културно и духовно наследство. Македонското народно творештво изобилува со примери во кои се воспеваат природните убавини на Македонија. Со нивно посредство низ изминатите векови македонскиот народ, меѓу другото, ја градел свеста за убавината, ги овековечил своите погледи кон убавото и чувството кон естетското доживување на својата татковина, создавајќи свој естетски идеал. Недвосмислено, тој покажал дека има изострен вкус во откривањето и прикажувањето на убавото, а со тоа и својата приврзаност, љубов и почит кон татковината, како нешто свето и достоинствено.



No comments:

Post a Comment