Friday, August 18, 2017

Убавините на Македонија

Смоларски водопади

На подножјето на планината Беласица, на 650 метри надморска височина, се наоѓаат прекрасните Смоларски водопади. Некогаш населеното село Смоларе сега е само споменик кој ја дополнува природната убавина. Смоларските водопади, студени како мраз, се вистински бисер на Струмица и источните краеви на Македонија. Смоларскиот водопад се смета за најголемиот и единствен постојан водопад во Македонија, кој постојано има пад на водата од дури 39,5 метри височина. Патеката од камени скали и дрвена ограда започнува веднаш над селото и води сè до водопадот. По патеката „облепена“ со лисја паднати од високите буки, ве мами, илузија на некој поинаков простор... на нестварна убавина и бескрајна тишина. Во очекување сте да ја видите и да ја слушнете водата... И само се качувате нагоре... нагоре во тајниот живот на планината.

Триста скалила и илјада чекори...