Смоларски
водопади
На подножјето на планината Беласица, на 650 метри
надморска височина, се наоѓаат прекрасните Смоларски водопади. Некогаш
населеното село Смоларе сега е само споменик кој ја дополнува природната
убавина. Смоларските водопади, студени како мраз, се вистински бисер на
Струмица и источните краеви на Македонија. Смоларскиот водопад се смета за
најголемиот и единствен постојан водопад во Македонија, кој постојано има пад
на водата од дури 39,5 метри височина. Патеката од камени скали и
дрвена ограда започнува веднаш над селото и води сè до водопадот. По патеката
„облепена“ со лисја паднати од високите буки, ве мами, илузија на некој
поинаков простор... на нестварна убавина и бескрајна тишина. Во очекување сте
да ја видите и да ја слушнете водата... И само се качувате нагоре... нагоре во
тајниот живот на планината.
Триста
скалила и илјада чекори...
No comments:
Post a Comment