Манастирот се наоѓа на неколку километри од Крива Паланка, на падините на Осоговските Планини. Манастирот е познат и по името Сарандопор – по местото каде што е граден.Нудејќи ја можноста да се почувствува како минатото и историјата живеат во сегашноста, тој плени со својата духовна, архитектонска и уметничка естетика и вредност.
Низ времето, тој честопати запаѓал во економски кризи, бил разрушен од земјотрес во 1585 година, а во XVII век, по основањето на градот Крива Паланка, тој станал важен религиозен, културен и просветен центар на монасите од различни краишта, но и на луѓето од овој регион.По XVIII век кој се бележи како негов најтежок период, XIX век донел промени на подобро. Почитуваниот трговец Хаџи Стефан Бегликчија успеал да издејствува кај султанот дозвола за изградба на нов храм кој го заменил стариот настрадан верски објект.
Новата црква се градела во периодот од 1847 до 1851 година и тоа со средства кои ги вложувале еснафите, трговците и другите луѓе од кривопаланечкиот крај.
Скриен во прегратките на мајката природа, манастирот нуди блажено чувство на духовен мир и спокојство. Во тој простор далеку од градската врева можете само да уживате во чистиот планински воздух и да почувствувате како некоја натприродна сила зрачи од немите градби и ве враќа во минатото, тогаш кога на тие простори живеел пустиникот Јоаким.
Овој образован блог е од информативно-едукативен карактер по предметот Историја. Целта на овој блог е да ја прикаже историската наука на еден интересен и забавен начин, различно од она досадно и сувопарно прикажување во учебниците поради кое голем број на луѓе не ја засакале историјата, со што ќе го зголеми интересот за ова наука меѓу луѓето, особено меѓу младите. Блогот е наменет за учениците, наставниците, родителите и за останатите кои се заинтересирани
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment