Далеку од градската врева, високо во недопрените
планински убавини, во прегратките на националниот пак Маврово, на падините на
планината Бистра, веднаш над реката Радика во близина на селото Ростуше, на
патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован
Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител.
Историја на манастирот
Овој надалеку познат македонски православен манастир бил
изграден....
во 11 –от век, во 1020 година, врз остатоците на стара света црква
која некогаш била разрушена.
Во 16 - от век Турците го оштетиле и разрушиле манастирот,
а подоцна, во 1743 година, монархот Иларион повторно го обновил, со што
изградил неколку монашки ќелии.
На почетокот на 19 - от век со многубројни донации и со
помош на игуменот Арсениј манастирот бил проширен и доизграден и бил ставен во
употреба и во служба на оние кои духовно сакале да се поврзат со Господ Исус
Христос.
Најпрепознатливото нешто според кое манастирот е познат
во светски рамки е иконостасот во самиот манастир, кој датира уште од 1830
година и е дело на Петре Филиповски Гарката кој потекнувал од село Гари.
Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил
изграден од бигор.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква
која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква,
сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и
новоизградените гостински конаци.
Манастирот „Свети Јован Бигорски”, поради неговиот
единствен и неповторлив изглед и местото на кое е изграден, многу често е
споредуван со манастирите кои се изградени високо на карпите во Света Гора, во
Грција.
Во манастирскиот комплекс се наоѓаат неколку чешми од кои тече чиста
планинска и ладна вода, а низ една од тие чешми се смета дека тече и лековита
вода.
Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм
Мис Стон.
No comments:
Post a Comment