Saturday, July 22, 2017

За Македонија да победува - се роди Вардар!

На 22 јули во 1947 година се роди ФК Вардар, формирано е спортското друштво и фудбалскиот клуб, по соединувањето на две спортски друштва, Македонија и Победа, со цел Скопје да добие можен спортски колектив кој масовно ќе го промовира и ќе го развива спортот.
Посакуваните победи дојдоа
уште во премиерната сезона (1947/48), кога нашиот клуб по елиминацијата на екипата на Слога од Нови Сад, обезбеди пласман во првата југословенска лига.
На Основачкото собрание на СД Вардар одлучено е негова боја да биде сино-белата, како што ќе биде и бојата на знамето на друштвото. Но, веќе на следното Собрание, многу набрзо потоа, одлучено е сепак бојата на друштвото да биде "црвено-бела". Околу 17 години бојата на СД Вардар, а со тоа и на ФК Вардар била црвено-бела, за по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, се воведе актуелната боја на клубот – "црвено-црна".

No comments:

Post a Comment