Tuesday, October 29, 2019

11 ОКТОМВРИ - ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕТО И ПОЧЕТОК НА АНТИФАШИСТИЧКАТА И НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
По тој повод учениците - членови на историската секција изработија пано со илустрации, слики и текстови од учеството на македонците во Втората светска војна.




Monday, October 28, 2019

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ
На 23 мај 2017 год. учениците од шестите одделенија(сега IX), изведоа прекрасна театарска претстава за животот и делото на Александар Македонски. 




Наште ученици учествуваа на ученичката Квизотека и се пласираа во наредниот круг на натпревари. Честитки!!!



Младите историчари изведоа еднодневна екскурзија во градот Велес, при што го посетија Народниот музеј, каде што се запознаа со историјата на Македонија и македонскиот народ како и со историјата на градот Велес. Потоа беа во спомен куќата на Коста Солев Рацин и ја разгледаа саат кулата во градот. Патувањето беше во соработка со македонски железници каде што учениците имаа можност да уживаат во патувањето со новите возови, но и се запознаа со постарите возови на македонските железници.




Sunday, October 27, 2019

Научно - истражувачка екскурзија

 Научно-рекреативна екскурзија на Матка, каде го посетивме музејот на ЕВН. Нашите ученици се запознаа со историјата на електричната мрежа во Македонија и изградбата на браната на езерото Матка.






Нашите идни "режисери"




Меѓународен проект "The Beit Project"

На наше големо задоволство бевме дел од завршната манифестацијата во организација на Бирото за развој на образованието и меѓународниот "The BEIT Project", каде што учениците активно учествуваа и успешно го претставија нашето училиште. За таа цел беа доделени Благодарници за учество на учениците и на училиштето. Уште еднаш и во мое име им Благодарам на двете девети одделенија за нивната активност.