Младите историчари изведоа еднодневна екскурзија во градот Велес, при што го посетија Народниот музеј, каде што се запознаа со историјата на Македонија и македонскиот народ како и со историјата на градот Велес. Потоа беа во спомен куќата на Коста Солев Рацин и ја разгледаа саат кулата во градот. Патувањето беше во соработка со македонски железници каде што учениците имаа можност да уживаат во патувањето со новите возови, но и се запознаа со постарите возови на македонските железници.
Овој образован блог е од информативно-едукативен карактер по предметот Историја. Целта на овој блог е да ја прикаже историската наука на еден интересен и забавен начин, различно од она досадно и сувопарно прикажување во учебниците поради кое голем број на луѓе не ја засакале историјата, со што ќе го зголеми интересот за ова наука меѓу луѓето, особено меѓу младите. Блогот е наменет за учениците, наставниците, родителите и за останатите кои се заинтересирани
No comments:
Post a Comment