Thursday, July 20, 2017

Историската позадина на фудбалското ривалство помеѓу Манчестер Јунајтед и Лидс


Фудбалот, и воопшто спортот, не би биле една од најважните работи во светот доколку во нив нема натпрварувачки дух и ривалство, кога екипите се директни конкуренти во одредено натпреварување, па во нивните меѓусебни настапи влегуваат со огромен влог и емоции. Еден ривалитет чие потекло може да се класифицира во последната спомената категорија е ривалството помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед, две англиски екипи од два различни града раздвоени околу 64 километри и региони со ривалство старо скоро 600 години. Во својата автобиографија, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон...... го има наведено Лидс како најомразен тим на Манчестер Јунајтед.
Ривалството помеѓу градовите Манчестер и Лидс ќе се продлабочи и за време на индустриската револуција од 18 и 19 век, кога Манчестер ќе биде центар на памучната, а Лидс на волнената индустрија.
Меѓурегионалното, меѓуградско, ривалство помеѓу Манчестер и Лидс ќе се прфрли и врз нивните два најголеми фудбалски клуба Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед, чиј спортски антагонизам ќе започне уште во раните години на 20 век, а ќе кулминира во 60-те, 70-те и 80-те години, кога двата тиме ќе се борат во врвот на англискиот фудбал. Нивните натпревари секогаш предизвикувале голем интерес и биле полни со силни емоции, а неретко и со неспортско однесување, како што е и случајот со полуфиналниот натпревар од англискиот ФА Куп во 1965 година, кога играчите буквално користеле боречки зафати.



No comments:

Post a Comment