Thursday, July 20, 2017

Научно-рекреативна екскурзија - Кањон Матка

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Кањон Матка е прекрасен локалитет, споменик на природата и културата. Реката Треска својот сто триесет и осум киометри долг пат низ планинските краишта на Кичевија и Порече го завршува со кањонот кај Матка. Тоа е еден од највеличествените
 предели во Македонија. Страните на клисурата се вертикални карпи, што се креваат стотици метри нагоре. Врз тие карпи, на тешко достапни височини, се кријат древни антички храмови и мали средновековни црквички и манастири. Во Матка има и десетина пештери, со различна големина и старост. Најпознати три пештери на Матка се Врело, Крштена и Убава, кои се блиску една до друга и имаат слична должина.  Во моментов, само Врело функционира како туристичка атракција, која е една од петте најдлабоките подводни пештери во светот.Кањонот Матка во себе крие една мала Света Гора. Укрепени од вољата Божја, низ вековите, на Матка опстојувале повеќе манастири, цркви и монашки скитови: Св.Богородица, Св.Андреја, Св.Никола, Св.Спас, Св.Тројца, Св.Недела... Тие се „живи“ сведоци за длабоко вкоренетото монаштво предание на овој простор.Со еден збор кањонот Матка е место каде може да се релаксирате од градската гужва и да уживате во чистиот воздух. Ние со нашите ученици поминавме незаборавен ден со убавините на ова наше македонско културно-историско наследство и природно богатство.









No comments:

Post a Comment