Дарко Панчев е
роден на 7 септември 1965 година во Скопје,
поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од
најголемите македонски фудбалери на сите
времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар во младинската школа на истоимениот
клуб. Од 1982 до 1988 година играл за
својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични
голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола., а воедно и дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер од Милано, играл за тимовите на Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион. Дарко бележи настапи и на репрезентативен план. Најпрвин настапил за елитната Југословенска репрезентација. Во квалификациите за Европското првенство 1992, Панчев бил најдобар европски стрелец со вкупно 10 постигнати гола. Постигнал и 2 гола на натпреварот против Емиратите на Светско првенство во Италија 1990 година кога Југославија завршила како петта.

Вкупно на 30 натпревари за Југославија постигнал 17
гола.За Македонската фудбалска репрезентација бил повикан на првиот натпревар
против Словенија кога Македонија победи со 4:1. Дарко тогаш бил асистент и
стрелец на еден погодок. За Македонија вкупно одиграл 6 натпревари и постигнал
1 гол.
Во 1990/1991 го има освоено трофејот на Лига на Шампиони
со Црвена Ѕвезда со постигнување на завршниот пенал со кој го победија
францускиот првак Олимпик од Марсеј.
No comments:
Post a Comment