Sunday, July 23, 2017

Убавините на Македонија

Манастир Св. Јован Бигорски


Далеку од градската врева, високо во недопрените планински убавини, во прегратките на националниот пак Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител.


Историја на манастирот


Овој надалеку познат македонски православен манастир бил изграден....

Saturday, July 22, 2017

За Македонија да победува - се роди Вардар!

На 22 јули во 1947 година се роди ФК Вардар, формирано е спортското друштво и фудбалскиот клуб, по соединувањето на две спортски друштва, Македонија и Победа, со цел Скопје да добие можен спортски колектив кој масовно ќе го промовира и ќе го развива спортот.
Посакуваните победи дојдоа

Friday, July 21, 2017

Убавините на Македонија

КОКИНО

На 35 километри од Куманово, на надморска
височина од 1013 метри, сместена на неовулкански
рид веднаш под врвот Татиќев Камен, се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино. Во 2005 година НАСА го стави Кокино на четвртото место на листата со најстари и најважни астрономски опсерватории на светот. Првите наоди биле добиени истата година кога била откриена населба од бронзениот период, населба што според својот
изглед и димензии се разликувала

Thursday, July 20, 2017

Средба на нашите ученици со македонската фудбалска легенда - Дарко Панчев

Дарко Панчев  е роден на 7 септември 1965 година во Скопје,  поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски  фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар   во младинската школа на истоимениот клуб.  Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични

Научно-рекреативна екскурзија - Кањон Матка

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Кањон Матка е прекрасен локалитет, споменик на природата и културата. Реката Треска својот сто триесет и осум киометри долг пат низ планинските краишта на Кичевија и Порече го завршува со кањонот кај Матка. Тоа е еден од највеличествените

Историската позадина на фудбалското ривалство помеѓу Манчестер Јунајтед и Лидс


Фудбалот, и воопшто спортот, не би биле една од најважните работи во светот доколку во нив нема натпрварувачки дух и ривалство, кога екипите се директни конкуренти во одредено натпреварување, па во нивните меѓусебни настапи влегуваат со огромен влог и емоции. Еден ривалитет чие потекло може да се класифицира во последната спомената категорија е ривалството помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед, две англиски екипи од два различни града раздвоени околу 64 километри и региони со ривалство старо скоро 600 години. Во својата автобиографија, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон......

Wednesday, July 19, 2017

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ИМА СВОЈ НЕВЕРОЈАТЕН "ДВОЈНИК" НА ДРУГИОТ КРАЈ НА СВЕТОТ!


Охридското Езеро е уникат во светот по многу нешта: едно од најстарите, тектонски формирано, со повеќе карстни извори и голема истека (Црн Дрим). Сепак, има едно езеро на „другиот крај“ на Земјата, во САД, помеѓу Калифорнија и Невада кое е неверојатно слично на Охридското Езеро. 
Тоа е езерото Тахо (Tahoe), кое се наоѓа околу 120 km североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија.



Убавините на Македонија

Лоцирана помеѓу Истокот и Западот, оваа мала земја е вистински ковчег со богатство, полн со историски споменици, природни убавини и разновидна култура. Во многу делови од Македонија природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури... 

Македонска историја

Слики стари, бледи, заборавени, но полни со историја, со страдање, со борба за опстојување, со надеж… Лица непознати скоро на сите, но сепак познати на сите нас…
Илинденско востание, прогонување, граѓанска војна, деца откорнати од нивните огништа, смрт но и живот и потоа нов ден, нова борба за правата на овој изнамачен народ. Нашиот народ. Македонскиот народ!!


Tuesday, July 18, 2017

СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ

Манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор.

ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ СИМБОЛИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ

Скопската тврдина (позната и како Скопско Кале) е историска тврдина лоцирана во стариот дел на Скопје, на доминантна позиција. Оваа тврдина за прв пат е изградена во 6. век и денес претставува еден од најубавите симболи на главниот град. Тоа се наоѓа на северната страна на реката Вардар, делејќи го Скопје на половина. Според историските податоци, тоа е изградена за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I во шестиот век. Тврдината е речиси уништена во 518 г од голем земјотрес, по што повторно била реновирана......

Маркови кули- туристичка атракција, убавините на Македонија


Во централниот дел на Република Македонија, во непосредна близина на градот Прилеп, се наоѓа локалитетот Маркови Кули, тврдина која, всушност, го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин.
Тука се наоѓал и дворецот на кралот Волкашин и Марко. Според некои историски наоди, оваа тврдина, до втората половина на XIII век, па и подоцна, ја бранеле само 40 војници. По смртта на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, така што животот во неа целосно згаснал. Жителите на некогашната населба побарале засолниште во блиската околија.



Духовното богатство на Македонија

Во не­до­пре­на­та при­ро­да на пла­ни­на­та Вод­но, на са­мо осум ки­ло­ме­три ју­го­за­пад­но од Скоп­је, се на­о­ѓа 12 ве­ка ста­ра­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св.Пан­те­леј­мон“,
Да­ти­ра од 1164 го­ди­на, а таа би­ла из­гра­де­на со средс­тва­та на ви­зан­ти­ски­от принц Але­ксеј, син на Кон­стан­тин Ан­гел и Те­о­до­ра, најм­ла­да­та ќер­ка на ви­зан­ти­ски­от им­пе­ра­тор Але­ксеј Пр­ви Ком­нен. Са­ми­от кти­тор на овој ма­на­стир ре­кол: „Јас не дој­дов ов­де да из­гра­дам ве­ле­ле­пен храм, ту­ку дој­дов да из­гра­дам мал храм со го­ле­ма вна­треш­на ду­хов­ност и уба­ви­на“.



Одамна е кажано дека двете најтешки работи на светот се добро да управуваш со државата и добро да се воспитува и образува детето.


ВО ПРИРОДА ДЕЦАТА СЕ ВРВНИ ИСТРАЖУВАЧИ И ГИ ЗАБОРАВААТ ТЕЛЕФОНИТЕ И ТАБЛЕТИТЕ

Учениците се радуваат на распустот, па макар бил зимски и ладен. Слободата што децата ја имаат во тие дваесетина дена, оддалечени од секојдневните обврски од училиштето им полни батерии, па дури и да им е здодевно, е добро. Изборот да се избега од градот макар на неколку дена е повеќе од важен и добредојден, посебно за децата од Скопје. Убаво е да се патува со фамилијата, да се посетат роднини, но можеби уште поинтересно е кога децата се дружат со својата генерација.


8 АПСОЛУТНО НЕПОБЕДЛИВИ СОВЕТИ ЗА УЧЕЊЕ

Стратегиите за учење се начини со кои управувате со процесот на учење, а се базираат на познавањето на сопствените лични особини и способности, знаење за образовните задачи кои морате да ги извршите.
За да можете да постигнете успех во учењето препорачливо е да развиете и примените стратегии кои можат од вас да направат успешен ученик. Еве неколку стратегии кои е добро да ги искористите во процесот на учење:

1.Развијте навика за учење
Многу е важно да направите временски план за учење во кој градивото кое треба да го совладате ќе биде поделено со согласност со вашето време и обврски во точни временски периоди. Се препорачува кога правите вакви планови да почнете со полесен материјал, бидејќи вака ќе изградите самодоверба. Би требало да настојувате дури и наједноставниот материјал да го упростите и да почнете да го учите. Повторувањето треба да го вршите се додека не дојдете до момент кога без проблеми  и со разбирање ќе можете да го репродуцирате наученото.

2.Применувајте активно учење
На учењето морате да се посветите, а деловите од материјалот кој го учите не треба да ги оставате не разјаснети. Треба да се обидете со пронаоѓање објаснувања за целосно разбирање понекогаш и да учите од грешките. Во обидот да го разберете подобро материјалот добро е да најдете примери од стварниот свет или да побарате домонстрација на идејата која не ја разбирате. Од професорите побарајте разјаснување и информации како да дојдете до други извори.
3.Користете ги сите способности во учењето
Конструирањето или моделирањето може да биде од голема корист во текот на учењето. Кога и да можете употребувајте конкретни објекти како сретства за учење. Употребете ги рацете за конструирање и објаснување како и телото за изразување.
4.Сумирајте го материјалот со пишување

Една од добрите стратегии за учењето е да го сумирате материјалот со пишување. Во процесот на совладување на материјалот правете визуелни прикази, наведувајте примери и правете илустрации на одредени делови од материјалот. За своите белешки разговарајте со други лица кои го учат истиот материјал.


ЗОШТО ПЛАНИНАРЕЊЕТО ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД УЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ?

Сетете се на тагата кога нашите мајки нè повикуваа назад дома по целодневно играње надвор. Следниот ден, повторно се собиравме надвор и игравме цел ден. Бевме деца и немавме паметни телефони, но имавме детство. Денес, со илјадници пријатели на социјалните мрежи, децата никогаш не се чувствувале поосамени. Зошто децата треба да се поттикнат на планинарење или слични активности на училиште и од страна на родителите? 

На планина сите се еднакви 

Таму нема место за статусни симболи. По престој во природа, пријателствата не се мерат според телефони, туку според тоа кој кому пружил рака кога требал да премине преку камен. 

Другарските врски стануваат нераскинливи 

Сетете се на чувството на приврзаност кога првиот пат во училишниот двор ни пришол пријател и ни понудил ужинка. Тоа чувство на радост е уште посилно кај децата среде планина кога се дели храната и водата и се поминува низ истиот напор за да се стигне до целта. 

Децата ќе научат да се соочуваат со пречките во животот 

Кога со ранци на грбовите тие ги поминуваат своите физички граници за успешни да стигна до целта, истиот „шаблон“ ќе знаат и да го применат и во животот. Како што планинарските предизвици стануваат потешки, така и тие ќе успеваат во надминувањето на животните предизвици. 


Ќе станат поодговорни 

Планинарењето бара дисциплина, како на телото, така и на умот. Наместо за викенди да спијат до пладне, тие ќе научат да стануваат рано и да го искористат целиот ден корисно. 

Ќе бидат поздрави 

Планинарењето е една од најздравите физички активности, а згора на тоа се одвива во природа. Со планинарењето може да се потроши од 350 до 800 калории на час. 

Ќе стане поснаодливо 

Со многубројните предизвици, детето ќе научи да се снаоѓа во неочекувани ситуации и ќе научи да се ориентира во природа. Освен тоа, со ова ќе се подигне и свеста за зачувување на природата кај детето.







http://www.fakulteti.mk/news/16-02-19/zoshto_planinarenjeto_treba_da_bide_del_od_uchilishnoto_obrazovanie